Актуелно

ЕКСКЛУЗИВНО со Vittoria Gambirasi на 10 FMCG Summit: GenAl и иднината на иновациите во FMCG

02 Oct 2024

„GenAL и иднината на иновациите во областа на FMCG“ е темата за која ќе говори Виторија Гамбираси на 10 FMCG Summit  кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Се соочуваме со итен предизвик со кој се соочуваат сите гиганти во FMCG секторот: појавата на агилни стартапи, со бројни дигитални решенија, кои го предизвикуваат статус квото со своите иновативни и персонализирани понуди. Сржта на нашата дискусија се фокусира на Генеративната вештачка интелигенција (GenAl) како централна алатка што им овозможува на овие корпорации да ја постигнат агилноста и прилагодливоста на стартапите. Ќе истражиме како GenAl може да направи револуција во маркетингот и развојот на производи, овозможувајќи им на традиционалните играчи не само да се натпреваруваат, туку и да предводат во оваа нова ера на дигитални иновации.

Виторија Гамбираси е маркетинг-професионалец, бизнис-консултант, член на Советодавниот одбор на HBR, предавач и гостин-професор на 41. „Норт Бизнис Скул“. Виторија има импресивно академско портфолио со MBA-менаџмент од Меѓународниот институт за развој на менаџмент (IMD), Швајцарија, и диплома за бизнис со оценка 110/110 на Универзитетот „Бокони“, Италија.

Со повеќе од две децении меѓународно искуство, Виторија е повеќе од обичен маркетинг-стратег. Таа успешно работела во динамичната маркетинг-индустрија и продажба во различни области, вклучувајќи стартапи, образование за менаџмент, консултантство и корпоративни средини.

Нејзиното професионално искуство вклучува лидерски улоги како главен маркетинг-директор на различни стартапи и како извршен директор во „Ексенчер“ (Accenture), каде што ја предводела дигиталната маркетинг-трансформација. Исто така, оставила неизбришлива трага на институтот на кој се едуцирала. Претходно поминала дванаесет значајни години во „Нестле“, каде што водела глобално градење на брендови, имплементирала глобални дигитални решенија и значајно придонела за италијанскиот пазар.

Исто така, таа е коавтор на значајни студии за пресвртот и растот на „Лоџитек“ (Logitech), како и соработката на Лоџитек со Лајфсајз и оценувањето на „Гугл“ од 2008 до 2011 година. Сите студии се објавени од Харвард бизнис паблишинг еџукејшн (Harvard Business Publishing Education).

Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот

 

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице

За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и  кафе пауза за едно лице.

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...