Актуелно

„Лореал“ претстави иновативна амбалажа

07 јул 2021

„Лореал“  претстави прво козметичко шише целосно направено од ензимски рециклирана пластика. Biotherm е првиот бренд на компанијата кој ќе лансира производ во такво шише.

Масовното производство на оваа амбалажа ќе почне во 2025 година. Револуционерната технологија што ја разви компанијата „Карбиос“ ја прави оваа пластика бескрајно рециклабилна. 

„Лореал“, една од водечките компании во индустријата за убавина и „Карбиос“, пионир во развојот на зелени биотехнолошки решенија, во 2017 година основаа конзорциум со цел развој на иновативни решенија за рециклирање пластика. Како резултат на оваа соработка беше развиена патентирана ензимска постапка за рециклирање која овозможува ПЕТ пластиката која инаку би завршила во отпад или би била запалена, да биде вратена во системот за рециклирање. 

Оваа иновација која целосно ќе заживее во следните години ја покажува нашата посветеност на пазарот да воведеме еколошко прифатлива амбалажа, што е дел од нашата иницијатива за циркуларност почната повеќе од 15 години, соопштија од „Лореал“. 

Процесот на ензимско рециклирање се одвива со голема брзина: разградува 97 отсто од пластиката за само 16 часа, што е 10.000 пати поефикасно од кој било досегашен обид за биолошко рециклирање пластика. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...