Актуелно

Решид Муратовиќ: Заедно ја градиме иднината

22 апр 2021

Кога правиме сто од што било, тогаш тоа е број што вреди да се спомене и вреди да се обележи. 100-тиот број на списанието InStore во Македонија е потврда за вредноста и важноста на комуникацијата во рамките на индустријата. За ова ние постоиме, независен, проактивен, афирмативен, регионален медиум - магазинот InStore.

Решид Муратовиќ, главен и одговорен уредник, InStore – БиХ

Со оглед на тоа што порано бевме дел од истиот пазар, колку е важно да постои комуникација меѓу производителот, дистрибутерот, трговецот со придружната индустрија,  толку е важно пазарите да комуницираат едни со други.

Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина се пазарите на кои се објавува магазинот InStore на месечно ниво. Дистрибуираме на ист начин на сите пазари, бесплатно. Стигнуваме до 42.000 адреси на производители, дистрибутери, трговци, банкари, осигурителни компании, стручна јавност.

Само брендовите што се регионални во овој глобален свет имаат шанса за долгорочен опстанок и ако го прифатиме тој факт, тогаш вредноста на единствениот магазин за трговија може да се разбере и процени на вистински начин.

Покрај комуникацијата, едукацијата е многу важен сегмент што го негуваме, така што за 12 месеци со нашите истражувачки партнери, експерти во одредени области, разговараме на различни нивоа, а фокусот е на категориите во рамките на FMCG-секторот.

Бидејќи покрај информациите и образованието, интеракцијата меѓу нас е еднакво многу важна, ние одржуваме над 20 конференции годишно низ целиот регион. FMCG Retail Summit, FMCG Brand Forum, Marketing Summit, CEO Summit, MSP Forum, 100 Must Have, Supply Chain Summit се наши конференции што ги одржуваме во регионот во зависност од потребите на пазарот.

Важно ни е да ви помогнеме, да нè следите, да нè читате, да нè цитирате и да инвестирате во комуникација со нас, изнајмувајќи медиумски простор, бидејќи тоа е секојдневна потврда за нашата мисија дека само заедно можеме да се развиваме себеси, нашиот бизнис и нашите локални заедници.

Важно ни е да бидеме во тренд бидејќи тогаш пренесувањето информации и едукација не запираат дури и во најтешките моменти, како што е случајот со нас. Денес, да се биде во тренд, значи да се дигитализира, па освен печатеното списание, развивме и дигитално издание – www.instore.mk, www.instore.slo, www.instore.hr, www.instore.rs, www.instore.ba се портали што просечно дневно ги посетуваат над 120.000 посетители на нашиот пазар, и на „Линкедин“ на сите пазарите и на сите наши InStore ПР-профили нè следат над 50.000 луѓе од FMCG-индустријата.

Да бидете едуциран, да бидете во тренд и да бидете во контакт со релевантни луѓе од нашата индустрија значи дека сте дел од магазинот InStore.

Важно ни е да ви помогнеме, да нè следите, да нè читате, да нè цитирате и да инвестирате во комуникација со нас, изнајмувајќи медиумски простор, бидејќи тоа е секојдневна потврда за нашата мисија дека само заедно можеме да се развиваме себеси, нашиот бизнис и нашите локални заедници.

ЗАЕДНО ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА е слоган кој секогаш нè води во вистинската насока и кон целта што се постигнува од година на година, а нè искачува на повисоко ниво. Нашата цел сте вие, и кога сме блиску до вас со печатеното издание или со дигиталното издание, ако се сретнеме на нашите конференции, форуми или самити, целта е исполнета. Заедно го славиме 100-тото издание и треба да се искористи секоја можност да бидеме среќни. Среќни сме и тоа е гаранција дека гледајќи во иднината, ќе достигнеме уште стотици нови изданија, бидејќи како што рековме – ЗАЕДНО ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...