Светскиот провајдер на логистички услуги „Маерск“ создава нова територија во бизнис-трансформацијата, поврзувајќи го светот на нов начин.
Светот на Б2Б-комуникацијата е полн со корпоративни клишеа, а исто така кај брендовите и огласувачите доминира и верувањето дека рационалната комуникација најдобро функционира. Данската креативна агенција „& ко“ има спротивен пристап – нејзините креативци знаат дека емотивното раскажување приказни и креативи има поголемо влијание врз Б2Б-средината отколку што било друго. Последното видео што агенцијата го правеше за „Маерск“ – „Disconnected“ (неповрзани) е загадочен и кинематографски поглед на иднината на логистиката, во режија на Кристофер Бо.
Видеото може да го гледате како забрзан акциски трилер за светот што се распаѓа или како вистинска приказна за 4 лика во секторот логистика, кои треба да достават пакет и мора да се поврзат со светот на нов начин, велат од агенцијата.
Новата кампања е лансирана на 29 јуни на мрежата „Линкдин“. Според Размус Филип, медија-стратег во „& ко“, на таа платформа луѓето очекуваат стандардни корпоративни вести и огласи за работа. Оваа кампања ѝ пркоси на конвенционалната употреба на платформата. Таа води дијалог со публиката, кој е многу поинаков од тоа што сме го виделе досега, истакнува тој.
Од „Маерск“ велат дека се трудат да го променат начинот на прикажување на корпоративната порака.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.