Работење

Јасмина Очко: Контролинг – услов без кој не се може

13 Nov 2014
 

Улогата на контролингот е спојување на деловите во целина за да се создаде панорамски поглед на работењето на компанијата.

Автор: Јасмина Очко, консултант за контролинг, „Контролинг Когноско"

Контролингот е филозофија на управувањето врз база на економската логичка рационалност, збир на знаења кои се потребни за, врз база на безбројни податоци од компанијата и надвор од неа, да се собере оптимален број информации кои им се неопходни на менаџерите за донесување на квалитетни одлуки. Улогата на контролингот е спојување на деловите во целина, за да се создаде панорамски поглед на работењето на компанијата.

Според резултатите од истражувањето – во работната практика, контролингот овозможува директно минимално намалување на трошоците во распон од 8 до 15% годишно. Другите придобивки од воведувањето на контролингот се препознаваат во обликот на чистата организација, модерниот сметководствен состав кој ги обезбедува сите потребни податоци, детектирање на пресметувањата во најраните фази во кој било сегмент на работењето, подобри и поквалитетни менаџерски одлуки, поквалитетно управување со човечките потенцијали, побрзи приспособувања на промените и значајно поголема конкурентност.

Контролингот овозможува поквалитетно управување со идните случувања и дава одговори на конкретни прашања – какви се трендовските вредности и што можеме да очекуваме во иднина, во кои производи треба повеќе да се вложува, а кои производи да се напуштат, кои купувачи во иднина треба да се избегнуваат, кои пазари да се развиваат, а од кои компанијата да се повлекува, на кој начин компанијата да се финансира, дали и понатаму да се задолжува...

Компанијата „Контролинг Когноско" од Загреб веќе 8 години го имплементира контролингот во претпријатијата во Хрватска и во регионот. Како консултантот за контролинг, целиот работен век го посветувам на развојот на контролингот. По 15 години работа како раководител на контролингот во меѓународна компанија, преминав во консултантските води за своето знаење и искуство да го пренесам на сите оние кои сакаат да развијат успешен контролинг. Зад нас се многубројни големи проекти реализирани, главно, во соработка со средни и големи компании. Најголемиот е неодамна завршениот проект во Босна и Херцеговина во компанија со повеќе од 3.500 вработени. Денес, моето консултантско искуство го користат производствените и трговските компании, како и институциите и јавните претпријатија.

Мисија на „Контролинг Когноско" е собирање на знаењата од контролингот и најдобрите практики во Европа и во Америка, како и нивна имплементација во претпријатијата во регионот со конечна цел – трајна инволвираност на контролингот во сите сфери на економијата – како во приватниот, така и во јавниот сектор.

Претпријатието е специјализирано за воведување на составот на контролингот во претпријатието и едукации креирани за менаџерите и контролорите.

„Контролинг Когноско" е партнер со „Контролер Академи" од Минхен, една од најдобрите светски училишта за контролинг и спроведува едукации според нивната лиценцирана програма. Исто така, „Когноско" е член на ИГЦ (International Group of Controlling) организација за контролинг која на глобално ниво ги креира стандардите за контролоинг-практиките и едукацијата.

Во 2013 година, ова претпријатие во Загреб го отвори првиот Контролинг-центар во Хрватска – инкубатор за развој на најдобрите хрватски контролори и менаџери и ја почна Меѓународната конференција за контролинг, која секоја година има за цел доведување реномирани експерти од целиот свет за да се имплементира најдобрата светска контролорска практика многу побрзо во животот на регионалните претпријатија.

Воведувањето на контролингот бара одредени предуслови, мултидисциплинарни знаења и конкретен план за развој. За правилен развој на контролингот, потребни се едуциран контролор, модерно и развиено сметководство и адекватна ИТ-поддршка за спроведување на контролингот. Честопати тие задачи се премногу сложени за компанијата самостојно да ги воведе. Поради таа причина, многу поефикасно и поекономично е да се побара консултантска помош. Користа од поставениот контролинг секогаш е многу поголема од вложувањата!

Современата деловна практика во развиените земји во Европа (особено во Германија, Швајцарија, Австрија) многу значајна улога му даваат на контролингот, а контролорот го ставаат во улога на деловен партнер на менаџментот. Модерниот контролинг е неопходна алка на секоја компанија која сака да расте, да се развива и долгорочно да опстане.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...