Локално

Сашко Блажевски: Иновациите се наше секојдневие

23 Mar 2022

Сашко Блажевски, извршен директор на „Нелт СТ“ – Македонија

Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk

Во мартовското издание на InStore ја имавме честа да позборуваме со извршниот директор на „Нелт СТ“ – Македонија, Сашко Блажевски. Како што ни откри, неговиот основен двигател е страста кон работите во кои ужива, чувството на среќа, живеење со вистинските вредности и градењето на човекот кон човечност. Тој е дипломиран економист со повеќе од 25 години искуство во FMCG-секторот, сопруг и татко на две деца. Своето искуство во овој сектор го почнува во „Скопски пазар“, потоа се вработува во „Нелт СТ“ на позицијата супервизор на продажба, каде што останува до 2009 година. Кариерата ја продолжува во „Прилепска пиварница“ како директор на продажба и член на УО, а од 2021 повторно се враќа во „Нелт СТ“ на позицијата извршен директор. По преземањето на позицијата изјави: Амбициозни се целите за оваа година, но во ниту еден момент како менаџерски тим не се сомневаме дали се остварливи. Победничкиот менталитет е една од нашите компаниски вредности, така и дејствуваме.

Од почетокот на оваа година ја презедовте позицијата извршен директор на „Нелт СТ“ - Македонија, по повеќе од една деценија работење во производствена компанија. Поради кои причини решивте да u се вратите на дистрибу- цијата? Каков беше процесот на адаптација на новата позиција?

Во „Нелт СТ“ се вратив од компанијата која покрај производство имаше и логистички и дистрибутивни операции, поради што не беше проблем адаптацијата. Промената е секако евидентна, „Нелт груп“ денес ја сочинуваат 18 компании, присутна е на 11 пазари, со операции на два континента (Европа и Африка) и со повеќе од 4.300 вработени. Претходната година ја завршивме со приход од над милијарда евра. Секако, олеснителна околност беше моето претходно познавање на компанијата и на добар дел од вработените.

И претходно, повеќе од 4 години работевте во „Нелт СТ“ (од 2004 до 2009 година). Може ли да го споредите работењето на „Нелт“ тогаш со тоа во што прерасна компанијата денес?

„Нелт“ денес е значително поголема компанија. Порастот е евидентен преку порастот на сите пазари, додека духот кој е препознатлив за компанијата сe уште е присутен. Разликите се евидентни, како во процесите така и во начинот на кој се води бизнисот. Задачата на целиот менаџмент и на вработените е да работиме на унапредување на процесите и да остваруваме резултат во согласност со вредностите на компанијата.

Колку вработени има во „Нелт СТ“ –Македонија и што мислите дека им е најважно на вработените за да останат даработат во една компанија? За кои работни позиции сметате дека недостигаат професионалци?

„Нелт СТ“ во моментот има 260 вработени. Ние се грижиме нашите вработени да имаат стабилност, извесност, можност за личен и професионален развој и долгорочна перспектива. Свесни сме за разликите кај генерациите и различноста на нивните потреби. Голем е предизвикот при работење со сите генерации, особено да се обезбеди формула за долг рок, која и не верувам дека постои. Инвестираме во време, долгорочни проекти (ОХИ), преку план да испорачаме високо ниво на мотивација за вработените. Но, секако, и очекуваме тоа да биде двонасочно, односно грижата кон вработените да претставува и голема грижа кон компанијата, со остварување резултати и секојдневно живеење со вредностите на „Нелт“.

За среќа, професионализмот се гради, а како компанија секогаш сме граделе професионални кадри кои во моментот се на водечки позиции локално, регионално и глобално, како во нашата компанија така и во компании надвор од „Нелт“. Тоа се кадри кои дел од својата кариера ја поминале кај нас.

Секогаш настојуваме да го извлечеме позитивното во какви било услови. Впрочем, мислењето „надвор од кутијата” е една од нашите најголеми доблести

Не сакам да звучи нескромно, но сигурен сум тоа има директен придонес кон градењето на социјалниот, општествениот и стопанскиот домен од секојдневието.

Кој од каналите на продажба зазема најголем удел во целокупниот промет на „Нелт СТ“? Како гледате на тенденцијата на здружување на ЛКА, сметате ли дека македонскиот малопродажен пазар ќе се окрупнува и во иднина?

Кај нас постои рамнотежа во каналите на продажба, повеќе или помалку, зависно од продажниот асортиман. За среќа, на македонскиот пазар сe уште не е изразено централизирано учество на некој малопродажен синџир и постои здрава пазарна конкурентност.

Здружувањето на ЛКА не е ништо ново, доколку погледнете во нашето соседство кое функционира подолго време. За сите нас што сме во синџирот за снабдување во државава, ова е сe уште ново, додека за начинот на дејствување и формата, сметам дека допрва ќе се менува. Особено сме горди дека како компанија со сите наши соработници отсекогаш сме работеле со транспарентни комерцијални услови, а преку приспособување кон концептите на трговците, поставуваме заеднички цели да креираме пораст на категориите и вкупниот промет.

„Нелт“ е позната по спроведувањето на иновациите во своето работење. Дали таквиот пристап се покажа како успешен? Во која мера иновативното работење е пресликано во „Нелт СТ“– Македонија?

Секако. Иновациите, иновативноста се секојдневие во „Нелт“. Така било отсекогаш и драго ми е што ја имате таа перцепција. Тоа е патот по кој сме се развивале, а и патот кој сега го одиме... така и ќе продолжиме. Во минатото бевме пионери во начинот на кој се посетуваа купувачите и се креираа нарачките, тоа сега е секојдневие за најголем број компании. Со сигурност сме прва, а можеби и сe уште единствена компанија во Македонија која го применува системот на спремање нарачки преку Pick by voice. ЕДИ-системот на преземање нарачки е дел од последните проекти што им ги претставуваме на нашите соработници, како систем кој значително ја зголемува ефикасноста преку намалување на можности за грешки и повеќе слободно време за нашите вработени и за соработниците. Во моментот во „Нелт груп“ се работи на крупни иновативни нови проекти кои ќе ја следат трагата на иновативност, преку што ќе ја зголемиме нашата конкурентна предност и ќе им овозможиме на сите наши принципали и трговски партнери да добијат додадена вредност како свој бенефит.

На македонскиот пазар сè уште не е изразено централизирано учество на некој малопродажен синџир и постои здрава пазарна конкурентност.

Застапници и дистрибутери сте на голема палета производи. Дали минатата година имавте проширување на портфолиото и кои се плановите за годинава? Што една компанија треба да има зада биде ваш партнер?

Минатата година имавме проширување на асортиманот кај сите наши доставувачи. Секогаш како компанија сме подготвени да ги понудиме како дистрибутивните така и логистичките услуги. Имаме почнато проекти за нови соработки во оваа година, но во моментот не може да се каже ништо конкретно за тоа. Секоја компанија што има искрени бизнис-интереси, со визија на долг рок, подготвена да сподели знаење и да научи нови работи, без разлика дали е локална, регионална или светска, е профил со кој „Нелт“ секогаш е подготвен да соработува.

Како се справувате со паралелната трговија? Сметате ли дека државните институции може да направат нешто за таа да се намали?

Државата може низ институциите да ги зголеми контролите и да ја зголеми ефикасноста на инспекциите за потеклото и квалитетот на производите што се увезуваат, условите на чување и запазување на стандардите по кои се третира стоката.

Факт е дека работиме во време на слободна трговија, што го овозможува паралелниот увоз на голем број светски познати брендови, но пазарните услови и стандарди треба да важат за сите. „Нелт“ е овластен дистрибутер за сите програми со кои работи, што значи дека мораме да обезбедиме стандарди во целиот синџир на снабдување, кои гарантираат исправност при логистичките процедури со почитување на сите законски норми при чување и дистрибуција на храна. Тоа за нашите соработници значи континуитет на испораки, без сомнеж за квалитетот или потеклото на производите кои понатаму преку нивните полици ги купуваат потрошувачите.

Користиме знаење и инвестиции од нашите принципали да градиме брендови, а преку тоа овозможуваме подолгорочна конкурентност на пазарот и за маркетите, како наши партнери. Верувам дека сe повеќе трговци се свесни за додадената вредност, довербата и сигурноста штo ја обезбедуваме за нив и потрошувачите. Со ваков пристап работиме со цел да влијаеме да се намали паралелниот увоз. Убеден сум дека увозниците-дистрибутерите и маркетите (како трговци) треба да се почитуваат како сојузни- ци, кои имаат заеднички интереси и да дејствуваат кон заедничка цел, наместо масата да ја чувствуваат како поле на надмудрување.

Логистичките компании во светот имаа големи предизвици поради пандемијата, а сега се соочуваат и со зголемување на цените. Како „Нелт“ успеа да ги надмине овие предизвици и дали се очекува стабилизација на цените?

Не само логистичките компании, туку сите компании имаа поскапување на суровините, репроматеријалите и услугите што ги користат, така што практично и да не постои компанија со која соработуваме во изминатите 6 месеци да немаше најмалку едно покачување на цените. За жал, трендот не ветува стабилизација, односно се очекуваат нови поскапувања, а некои од нив веќе се најавени.

Ние, како дистрибутивна компанија, сме дел од синџирот на производот до полица, а цените што ги имаме во најголема мера зависат од цените што ги добиваме и не можеме многу да влијаеме.

Преку секојдневната оптимизација на процесите и операциите во работењето, работиме да го намалиме ефектот на значително зголемени трошоци во оперативното работење, за дополнително да не се ефектуираат врз зголемувањето на цените. Гледајќи од перспектива на логистичките процеси, што сe се смени при порастот на е-трговијата? Е-трговијата за FMCG-секторот го достигна својот зенит во периодот што измина. Сите посакуваме тоа да не се повтори, а со тоа и сметам дека долго време ќе биде потребно е-трговијата во FMCG да биде во интерес на потрошувачот.

Секоја компанија што има искрени бизнис-интереси, со долгорочна визија, подготвена да сподели знаење и да научи нови работи, без разлика дали е локална, регионална или светска, е профил со кој „Нелт“ секогаш е подготвен да соработува.

„Нелт СТ“ – Македонија има добиено статус Овластен економски оператор од Царинската управа. Колку е тешко да седобие ова одобрение и кои придобивки ги имате сега?

Од почетокот на 2020 година „Нелт СТ“ е Овластен економски оператор на ниво (AEO - F) што означува компанија која ги задоволува сите безбедносни стандарди и ги исполнува сите услови за спроведување на царинските формалности. Аналогно ги поседува и сите типови на царински поедноставени постапки и одобренија.

Според информациите со кои располагам, ние сме единствена фирма во регионот која го има овој сертификат во сите три држави: Македонија, Србија и Црна Гора.

Очекуваме поддршка од царинските органи за регионално поврзување на нашите компании и значително олеснет увоз на програмите за кои сме ние одговорни. Тоа што е особено значајно за нас е користењето приоритетна лента за излез од царинското подрачје. Ова за нас е особено важно да почне да функционира на граничните премини, посебно во делот на увозите, со што ќе се намали транзитното време што од друга страна влијае врз оптимизација и поголема ефикасност на другите процеси.

Меѓу целите на секоја компанија секогаш високо котира и зголемувањето на профитабилноста. Како прилично свеж директор на „Нелт СТ“, каква е Вашата визија на овој план?

Амбициозни се целите за оваа година, но во ниту еден момент како менаџерски тим не се сомневаме дали се остварливи. Победничкиот менталитет е една од нашите компаниски вредности, така и дејствуваме. Имаме долгогодишно искуство со знаење кое го применуваме во секојдневието, но и свесни сме дека секогаш постојат начини кои можеби сe уште не ги знаеме, а може да ги научиме или создадеме, за да ни помогнат во остварување на целите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...