Идентификацијата на платформите за е-трговија што се истакнуваат при лансирање нови производи им овозможува на брендовите да ги одредат најдобрите потенцијални онлајн-партнери за нивните стратегии.
Извор: „Еуромонитор интернационал“, www.euromonitor.com
Платформите за е-трговија станаа омилен канал за производителите, брендовите и трговците да лансираат нови производи и да ја тестираат нивната одржливост. Освен тоа што нудат пристап до повеќе купувачи, онлајн-платформите ги зголемуваат услугите за складирање, испорака и плаќање, што ги прави атрактивни за пронаоѓање на вистинскиот пат до пазарот. Изборот на вистинската платформа за е-трговија како партнер е од клучно значење за успехот на новиот онлајн-производ.
Кои е-платформи се најактивни во лансирањето нови производи?
Идентификацијата на платформите за е-трговија што се истакнуваат при лансирање нови производи им овозможува на брендовите да ги одредат најдобрите потенцијални онлајн-партнери за нивните стратегии. „Еуромонитор“ го следи лансирањето на нови (под)брендови на онлајн-платформите во 32 земји и има податоци за 10 индустрии, кои покриваат 50 категории производи што се појавуваат на интернет. Овие податоци нудат вредни сознанија за развојот на новите производи, за компаниите што иновираат и за трговците што се најактивни во лансирањето нови производи од различни категории и на различни пазари.
На графикон 1 се прикажани најдобрите 10 платформи за е-трговија што лансирале нови производи во текот на 2022 година. Нивниот удел е 35% од вкупниот број нови лансирања во анализираните категории минатата година, што ја потенцира нивната важност како стратешки партнери за брендовите.
Позиционирањето на производите на онлајн-платформи што најдобро се вклопуваат во стратегијата на производителите и брендовите овозможува подобра видливост при лансирањето нови производи, поголем удел во дигиталната полица и зголемена продажба.
Топ-10 е-платформи за лансирање нови (под)брендови во 2022 година
Трговскиот гигант „Карфур“ во 2022 година беше водечка дигитална платформа за лансирање нови брендови, по која следуваа „Промофарма“ и „НТУЦ ферпрајс“. На листата со најдобрите е-платформи се 6 трговци за стоки за широка потрошувачка. „НТУЦ ферпрајс“, со седиште во Сингапур, е следниот клучен трговец за е-трговија со (не)прехранбени производи, кој е рангиран на третото место.
„Карфур“ минатата година лансира најголем број нови производи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), по што следуваа Бразил и Франција, кои се најголемите пазари за лансирање нови производи на глобално ниво. Трговецот лансира производи на 11 од анализираните пазари. „НТУЦ ферпрајс“, иако беше фокусиран на Сингапур, лансира голем број нови безалкохолни пијалаци, што го искачи на листата за 2022 година.
„Волмарт“, од друга страна, е фокусиран на Северна и на Јужна Америка и негов најголем пазар се САД. Иако „Волмарт“ лансира речиси двојно поголем број нови брендови во САД во споредба со производите што „Карфур“ ги лансира во ОАЕ, неговата активност остана минимална на другите пазари низ Америка, како што се Мексико и Канада.
Уделот на лансирање нови брендови на дигиталните платформи на овие трговци на мало нуди корисни сознанија и за силните страни и успесите на различни категории. Категоријата за убавина и лична нега има лансирано најголем обем на нови производи во текот на 2022 година, од кои 37% најпрвин биле пласирани на дигиталните полици на овие водечки играчи.
Овие платформи за е-трговија, исто така, имаат големо значење и за индустриите за топли напивки и за здравствени производи. Притоа, нивниот удел во вкупните лансирања во овие две индустрии е поголем од категоријата за убавина и лична нега – уделот кај топлите пијалаци изнесува 45%, додека кај здравствените производи 42% (графикон 2).
Позиционирањето на производите на онлајн-платформи што најдобро се вклопуваат во стратегијата на производителите и брендовите овозможува подобра видливост при лансирањето нови производи, поголем удел во дигиталната полица и зголемена продажба.
За бизнисите што сакаат да лансираат нови брендови и производи, од огромно значење е да ги идентификуваат и следат активностите на потенцијалните малопродажни партнери, нивните области на експертиза и способноста да стигнат до вистинскиот целен потрошувач.
Примена на информациите при лансирање нов производ
Додека голем број е-трговци поддржуваат лансирање на нови производи во низа индустрии и категории на производи, активноста за следење помага да се идентификуваат одредени специфичности, со цел одлуките на компаниите при изборот на платформата што најдобро одговара на нивните производи и на целниот пазар да бидат донесени врз база на проверени информации. „Карфур“, на пример, се издвојува по експертизата во сегментот пакувана храна забележувајќи најголем број нови производи, особено во поткатегориите слатки бисквити, сладоледи и чоколадни кондиторски производи. Од друга страна, 45% од новите производи откриени во „Волмарт“ се од категоријата средства за убавина и лична нега. Вреди да се нагласи дека 35% од сите нови производи од категоријата за убавина и лична нега во САД првпат биле лансирани на онлајн-платформата на „Волмарт“ во текот на 2022 година.
Во индустријата за здравствени производи со најмногу нови производи доминираат специјализираните е-трговци за здравје и за убавина, чии стратегии се комбинирани со високо ниво на активност и во лансирањето нови средства за убавина и лична нега. „Промофарма“ и „Доктифарма“ се меѓу првите 10 е-трговци на мало на 32 анализирани пазари. Витамините и додатоците во исхраната се клучна категорија што забележа највисоко ниво на иновации во категоријата на здравствени производи во текот на 2022 година, со удел од 18% во целата категорија.
За бизнисите што сакаат да лансираат нови брендови и производи, од огромно значење е да ги идентификуваат и следат активностите на потенцијалните малопродажни партнери, нивните области на експертиза и способноста да стигнат до вистинскиот целен потрошувач. Токму во оваа точка се содржи разликата меѓу успехот и неуспехот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.