За да останат во игра денес, брендовите треба да имаат дисруптивен начин на размислување.
Извор: „Еуромонитор интернационал“
Водечките глобални играчи се под закана од сите страни. Брзорастечките бунтовнички брендови и локалните бизниси, кои имаат потесна врска со нивната целна публика, честопати ги исполнуваат новите очекувања од потрошувачите. Затоа реставрацијата, иновацијата и дисрупцијата веќе станаа стандарди на секој пазар.
Технологијата ја поттикнува стапката на дисрупција и обезбедува основа за понепосредни допирни точки. Еден бренд може да го наруши пазарот со тоа што ќе допре до потрошувачите на нов начин и повторно ќе го осмисли нивниот ангажман. Алтернативните бизнис-модели го зголемуваат бројот на потенцијални потрошувачи и ги решаваат нивните проблеми со нови решенија.
Овој текст е рамка за дисрупцијата – што е тоа и како се случува, како компаниите може да го разберат нејзиниот опсег на потрошувачките пазари и како предизвикот да го претворат во можност.
Реставрација, иновација и дисрупција
Оваа рамка илустрира како бизнисите ги прават промените што потоа имаат различно влијание врз пазарот.
Реставрацијата се случува кога компанијата ги подобрува постојните производи за да го зголеми пазарниот удел. Иновациите произлегуваат од експлозивниот пораст на категориите преку нови понуди или нови начини на употреба. А, вистинска дисрупција се постигнува кога ќе се измисли сосема нова категорија.
Целта на реставрацијата е повторно да го етаблира брендот во рамките на категоријата, да обезбеди релевантност во главите на потрошувачите и да го заштити или „украде“ уделот од конкурентите. Добивките честопати се зголемуваат, може да имаат огромно влијание врз продажбата и пазарниот удел. Стратегиите за реставрација вклучуваат:
Иновацијата е потрансформативна отколку реставрацијата – таа води до создавање нови поткатегории и носи нови потрошувачи во категоријата. Стратегиите за иновација вклучуваат:
Дисрупцијата, односно вистинското нарушување оди чекор понатаму и води до создавање сосема нови категории или пазари. За да направи дисрупција, компанијата мора да се фокусира на четири области:
На што треба да биде фокусот?
Голем дел од компаниите немаат можност да бидат дисруптивни. Освен што тоа бара совршена потреба и решение, нарушувањето е потфат што бара многу време и ресурси. Да се направи тоа побрзо од кој било конкурент е уште поголем предизвик.
Сепак, дисрупцијата не мора да настане по секоја цена. И реставрацијата и иновацијата можат да одиграат важна улога. За многу компании, тие може да донесат огромни приходи со многу побрзо темпо, доколку се добро спроведени.
Силната рамнотежа меѓу напорите за реставрација, иновација и дисрупција е најдобрата стратегија за компаниите што сакаат да напредуваат долгорочно. Сепак, постојат нијанси во пронаоѓањето на совршената равенка. Мора да се земат предвид зрелоста на категоријата, фрагментацијата и карактеристиките на компанијата, како што се капиталот на брендот и апетитот за ризик.
Стратегии за успех
За да ги идентификува и реализира успешните идеи, брендот треба да се фокусира на клучните двигатели и влијателни фактори на бизнисот. Најуспешните компании навлегуваат подлабоко за да ги запознаат своите потрошувачи, но истовремено и пошироко – бараат инспирација од другите сектори.
Успехот не е еднократен феномен и ниту една компанија не може да ризикува да биде ирелевантна во иднина. Одржувањето на порастот бара постојан фокус и напор. Пазарите брзо се развиваат, а иновациите бараат посветеност. Сите компании треба да се стремат кон повторно реосмислување и да еволуираат во чекор со потрошувачите и со светот.
Заклучок
Темпото на промени е побрзо од кога било бидејќи технологијата и однесувањето на потрошувачите се развиваат со алармантна брзина. Дисрупциите ги предизвикуваат етаблираните брендови да останат понапред од другите и да отворат пат за бунтовните и локалните брендови. Долгорочниот успех ќе ги следи тие што ги имаат карактеристиките на вистински нарушувачи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.