Анализи

ИГД: Пет тренда што го обликуваат дисконтниот канал

23 May 2022

Додека физичката продавница е и ќе остане најважното средство на дисконтерите, дигиталните решенија играат сè поголема улога во нејзината трансформација.

Автор: Максим Делакур, сениор аналитичар на малопродажба, ИГД

Се прогнозира дека дисконтниот канал ќе ја зголеми продажбата за повеќе од 100 милијарди евра до 2026 година и ќе биде главниот двигател за пораст на целата малопродажна индустрија за FMCG-производи во Европа.

Во овој текст се споделени заклучоците од извештајот „Глобални дисконтни трендови за 2022 година“, трендови за кои очекуваме дека ќе го обликуваат каналот и ќе поттикнат пораст.

Дигитален дисконт

Додека физичката продавница е и ќе остане најважното средство на дисконтерите, дигиталните решенија играат сè поголема улога во нејзината трансформација и моделот на дисконти во целина.

За подобро да им служат на купувачите, дисконтерите развиваат дигитални можности и соработуваат со иновативни стартап и технолошки експерти, со цел да ги подобрат операциите и купувачкото искуство. Очекуваме да видиме повеќе дисконтери што ќе го „пренесат“ процесот на наплата на апликациите „скен & го“.

Подемот на „discountvenience“

Историски дисконтерите ги избегнуваа урбаните локации поради ограничувањата на просторот и трошоците, но сега тие ја користат можноста да влезат на градски локации за да стигнат до нови купувачи и да го одржат порастот. Како резултат на тоа, дисконтерите мораа да се развиваат и да го приспособуваат асортиманот, да ја забрзаат испораката на намирници и да ги исполнат очекувањата на урбаните купувачи.

Овој хибриден дисконтен модел на погодност, со збогатен асортиман на „храна за носење“, го дефинираме како „discountvenience“. Со зголемувањето на инфлацијата, очекуваме овој тип понуда, фокусирана на вредноста, да ја наруши урбаната малопродажба на FMCG-производи.

Историски дисконтерите ги избегнуваа урбаните локации поради ограничувањата на просторот и трошоците, но сега тие ја користат можноста да влезат на градски локации за да стигнат до нови купувачи и да го одржат порастот.

Шампионска вредност

Цената останува во сржта на дисконтерите и тоа е нивната диференцијална карактеристика во однос на другите канали. Сепак, сведоци сме на промена на начинот на кој цената се комуницира со купувачите, што вклучува повлијателни промоции и зголемување на персонализираните понуди преку програмите за лојалност.

За 2022 година се очекува дека ќе биде период кога дисконтниот канал ќе одигра клучна улога во докажувањето дека одржливоста може да биде достапна и пристапна за сите купувачи.

Комуникација со купувачот

Како што дисконтерите сè повеќе се оддалечуваат од моделите на хард-дисконти, комуникацијата со купувачите се развива надвор од ценовната понуда. Купувачите бараат насоки од трговците на мало, особено во врска со здравјето и одржливоста.

Во тековната година сè повеќе ќе гледаме дисконтери што ја комуницираат диференцијацијата на производите за да им помогнат на купувачите во изборот, во согласност со нивниот животен стил. Тоа дополнително ќе ги развие лојалноста и довербата, што ќе води кон постепен пораст.

За 2022 година се очекува дека ќе биде период кога дисконтниот канал ќе одигра клучна улога во докажувањето дека одржливоста може да биде достапна и пристапна за сите купувачи.

Преобликување на асортиманот

Очекуваме да продолжи фокусот од 2021 година на „преглед и усовршување“, при што дисконтерите сè повеќе ќе го приспособуваат асортиманот за да ги исполнат очекувањата на купувачите.

Потребите на купувачите се менуваат и брзо се развиваат, а се менува и нивната перцепција за дисконтерите. Големите играчи како „Алди“ и „Лидл“ сè повеќе се перципираат како супермаркети, па се очекува повеќе од нивниот асортиман. Приватните трговски марки ќе продолжат да иновираат за да ја задоволат поразновидната побарувачка и очекуваме да се зголеми фокусот на квалитетот.

За организацијата:

ИГД обезбедува глобален увид, анализа и прогнози за пазарот на прехранбени и производи за широка потрошувачка, со што им помага на клиентите да се движат низ предизвиците на малопродажниот пејзаж што постојано се менува. Целосниот извештај „Глобални дисконтни трендови за 2022 година“, кој ги вклучува импликациите и за доставувачите и за трговците на мало, бесплатно може да се преземе на линкот igd.com/trends-2022 или со скенирање на QR-кодот.

За авторот:

Максим Делакур е сениор аналитичар на малопродажба во ИГД, кој ги води истражувањата за дисконтниот канал на глобално ниво. Тој е во потрага по најновите практики и најсовремените концепти за да им помогне на производителите и на трговците да ги идентификуваат можностите на овој канал.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...