Фактот дека менаџерите на „Кауфланд“ во последен момент ги сменија плановите за влез на австралискиот пазар, и покрај почетокот на изградбата на седиштето и логистички центар, очигледно скапо го чинеше трговецот.
Според германскиот „Лебенсмител цајтунг“, „Кауфланд“ со промената на плановите за проширување изгубил 171 милиони евра на овој пазар. Податоците се наведени во билансот на состојба на трговецот кој работи во рамките на групацијата „Шварц“, објавени на официјалната веб-страница.
Профитот на „Кауфланд“ за последната финансиска година, која заврши на 29 февруари, се намали за 220 милиони евра во 2018 година, на 78 милиони евра во претходната година.
Според „Лебенсмител цајтунг“, трговецот во Австралија имал 52,4 милиони австралиски долари трошоци за персонал, 82 милиони австралиски долари други трошоци, 18,8 милиони австралиски долари административни трошоци и 62 милиони австралиски долари во трошоци поради напуштање на проектот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.