Бројот на официјално невработени во Русија се зголеми пет пати во последните шест месеци, објави руското Министерство за труд.
Во моментов во Русија има официјално 3,6 милиони невработени, наспроти 727 илјади во март.
Руската економија забележа пад на активноста дури и пред пандемијата на коронавирусот, пред сè поради падот на цената на нафтата на светските берзи. Пандемијата го забрза трендот на опаѓање бидејќи владата ги ограничи деловните активности и воведе карантински мерки за запирање на ширењето на вирусот.
Дополнителен проблем е падот на глобалната трговија.
Руската рубља ослабна за околу 15 проценти во однос на доларот од март, а во моментов доларот се тргува за 74 рубли.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.