Најголемиот британски синџир супермаркети „Теско“ најави дека ќе отвори дополнителни 16.000 постојани работни места за поддршка на силниот раст на бизнисот преку интернет.
Очекуваме дека повеќето од овие позиции ќе ги пополнат колегите кои привремено се вработија на компанијата на почетокот на пандемијата со Ковид-19 и сакаат да останат и да работат трајно, соопштија од компанијата.
Овие работни места ќе вклучуваат 10. 000 лица поврзани со примање и извршување нарачки од клиенти, 3.000 возачи на испорака, а другите работни места ќе се распоредени во продавниците и центрите за дистрибуција.
Во ек на пандемијата, многу компании, вклучувајќи трговци на мало, хотели и авиокомпании, отпуштаат десетици илјади работници за да ги намалат трошоците за работа. Британските супермаркети, од друга страна, ангажираат нови работници за да ја исполнат зголемената побарувачка за испорака на храна до домот на потрошувачот.
И трговците „Алди“ и „Лидл“ минатиот месец најавија создавање дополнителни 1.200 и 1.000 работни места во Велика Британија оваа година, бидејќи продолжуваат да отвораат нови продавници и да ги зголемуваат пазарните удели.
Најголемиот оператор на синџири супермаркети во САД и Европа, „Ахолд Делез“, неодамна објави дека во неговите продавници се вработени повеќе од 45.000 нови работници на глобално ниво во вториот квартал од годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.