Свет

Ќе расте цената на кафето

19 Aug 2020

И покрај вишоците на пазарот, цената на кафето ќе биде во благ пораст до крајот на 2020 година, покажа истражувањето што го спроведе „Ројтерс“. 

Притоа, кафето „робуста“ повеќе се бара отколку кафето „арабика“, поради зголемената потрошувачка на „робуста“ во маркетите. 

„Арабика“ ќе ја заврши годината со цена од 1,20 долари по фунта, што е за 0,9 отсто повеќе од моменталната цена на пазарот. „Робуста“, пак, до крајот на декември ќе чини 1.39 долари по тон, што е за 3,42 отсто повеќе отколку цената од минатата недела. 

Вирусот, веројатно помогна да се консумира кафе со послаб квалитет кај клучните потрошувачи, вклучувајќи го Бразил, додека падот на продажбата во он-трејд каналот делимично го надополни зголемената потрошувачка на кафе во домашни услови, соопштија истражувачите. 

Глобалниот вишок на кафе порасна од 1,85 милиони вреќи од по 60 килограми во 2019 година, до 20 милиони вреќи во 2020-2021 година, најмногу поради зголемената понуда на „арабика“ среде послабата побарувачка на поквалитетни видови. Кафулињата ширум светот, кои со месеци беа затворени, главно користат „арабика“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...