Свет

„Ахолд Делез“ против „Џамбо“: Битката за „Хема“

10 Jul 2020

„Ахолд Делез“ влезе во битката за преземање на синџирот маркети „Хема“, против главниот конкурент, холандскиот трговец „Џамбо“, кој на почетокот на годинава веќе презеде 17 продавници на „Хема“. 

„Хема“ имаше проблеми поради намалување на прометот, па за раководството на компанијата, најлогичен потег беше таа да се продаде. Извори блиски до „Хема“ наведуваат дека тоа првенствено е „одбранбена реакција“, бидејќи на тој начин „Ахолд Делез“ ќе го спречи подемот на конкурентот „Џамбо“. 

Интересно е дека „Ахолд Делез“ двапати претходно се обиде да ги добие продавниците на „Хема“, но не успеа. Прво, во 2007 година, пречка беше фондот „Лион капитал“, додека во 2010 година, на патот на преземањето застана холандски милијардер кои исто имаше амбиција да стане сопственик на „Хема“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...