Раководството на „Теско“, водечкиот трговски синџир во Велика Британија, им најави на добавувачите дека овојпат е подготвено за ценовна „војна“ со дисконтерите, која ќе следи по пандемијата со коронавирусот.
Британските медиуми пишуваат дека во таа насока, „Теско“ ја подобри понудата на приватните трговски марки, во која можат да им понудат пониски цени на своите купувачи.
Исто така, го унапреди и системот на картичките за лојалност, кои опфаќаат околу 19 милиони луѓе. За сите нив „Теско“ сега обезбедува дополнителни попусти при купувањето и низа други поволности.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.