Свет

„Амазон“ доби дозвола да испорачува алкохол во Индија

24 Jun 2020

„Амазон“ ја осигура дозволата да испорачува алкохол во индијската сојузна држава Западен Бенгал. 

Тоа е храбар потег на трговецот за влез на пазарот вреден 27,2 милијарди долари. Во претходните години, „Амазон“ ја ширеше онлајн трговијата во Индија бидејќи се повеќе Индијци ја посетуваа платформата за купување како намирници, така и електроника. 

Компанијата досега вложи 6,5 милијарди долари во Индија, еден од своите клучни пазари за раст. 

Да потсетиме, Индија ја ограничи продажбата на алкохолни пијалаци во март. Стотици луѓе стоеја во редови пред продавниците по ублажувањето на рестрикциите во мај, додека индустријата за алкохолни пијалаци лобираше во многу земји за да овозможи онлајн порачки и достава. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...