Свет

Трговците и производителите бараат од ЕУ задолжителна ознака NutriScore

21 мај 2020

Ознаката NutriScore треба да стане задолжителна за сите прехранбени производи во ЕУ, бараат група трговци и производители на А-брендови, како што се „Лидл“, „Ахолд Делез“, „Данон“ и „Нестле“.

Во зеадничкото писмо до Европската комисија, речиси 40 групации – организации на потрошувачи, носители на одлуки, академци, прехранбени компании и трговци, бараат воведување на ознаката NutriScore на ниво на цела ЕУ.

Станува збор за ознаки на пакувањата на храна кои преку бои и букви на купувачите им ја покажуваат нутритивната вредност на производот (од најздраво темнозелено А до најмалку здраво црвено Е).

Во писмото се истакнува дека ознаката на предната страна од пакувањето ќе им овозможи на потрошувачите да се одлучат за поздрава варијанта од прехранбените производи. Повикот е упатен пред Европската комисија да ја објави стратегијата „Од фарма до виљушка“, која има цел да го направи поодржлив целиот прехранбен систем.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...