Според податоците на ЕВРОСТАТ (Одделот за статистика на Европската Унија), онлајн купувањето во Унијата интензивно расте и речиси се удвои од 2009 година.
Во 2019 година, 60 отсто од граѓаните на ЕУ меѓу 16 и 74 години купувале на интернет. Таа цифра беше 56 отсто една година порано и 32 отсто една деценија претходно. Повеќето од луѓето што купуваат преку интернет се од скандинавските земји - Данска и Шведска. Од земјите во регионот, Словенија со 54 отсто се наоѓа малку под просекот.
Од ЕВРОСТАТ соопштија дека податоците за 2020 година ќе бидат сосема поинакви, бидејќи се очекува натамошен раст на онлајн купувањето поради пандемијата со коронавирусот, наспроти затворањето на голем број продавници и ограничните контакти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.