Поради проблемите во логистиката, пакувањето и превозот на млекото, најголемите откупувачи на млеко ги повикаа производителите да го фрлаат млекото и да го намалат бројот на грла на фармите во САД.
Американскиот кооперант „Деири фармерс оф Америка“ (ДФА), кој откупува млеко од повеќе од 8.500 млекари во 48 сојузни држави, ги советува производителите да го фрлат произведеното млеко поради тешкотиите во прометот на стоките.
Како што се наведува, затворањето на рестораните и на училиштата, односно насочувањето на производите кон трговските синџири предизвикало вистински ноќен кошмар во логистиката на млечните производи, а превозниците имале проблеми со обезбедувањето доволен број возачи. Освен тоа, голем проблем е затворањето и на границите со другите земји, поради што извозот стагнира.
Продажбата на млеко во САД се зголемила за 53% заклучно до 21 март во споредба со истиот период минатата година. Путерот забележал зголемена побарувачка за 127%, а сирењето за 84%, покажуваат податоците од истражувањето што го спроведе агенцијата „Нилсен“. Цените на млекото во малопродажбата се зголемиле за 11,2%.
Извор: Agrobiz.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.