Во десет магацини на онлајн гигантот „Амазон“ се појавија случаи на заразени со коронавирус, а компанијата трпи се поголем притисок од синдикатите и групите за правата на работниците да ги затвори магацините.
КОронавирусот е потврден кај вработени во магацините. Првиот случај на зараза се случил во станицата за испорака во Њујорк, која е привремено затворена.
Американската група за права на работниците соопшти дека работниците во „Амазон“ во магацин на островот Стејт Ајленд во Њујорк морале да продолжат со работа и за време на чистењето после потврдениот случај на зараза.
„Амазон“ веќе потврди дека во три магацини во Европа (два во Шпанија, еден во Италија) веќе се утврдени случаи на зараза, но компанијата ја отфрли можноста за нивно затворање, поради што нејзините работници во Италија штрајкувале.
Во магацин на компанијата во Италија, кај двајца вработени со тест е потврден коронавирусот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.