Свет

„Амазон“ ќе инвестира милијарда долари во Индија

16 Jan 2020

Според проценките на „Амазон“, компанијата до крајот на 2025 година би требало да извезува индиска стока во вредност од 10 милијарди долари.

Директорот на „Амазон“, Џеф Безос, најави дека во Индија ќе инвестира милијарда долари, бидејќи според него 21 век ќе биде век на прогрес на Индија.

Најголемиот дел од инвестициите кои Безос ги планира во Индија ќе бидат во делот на дигитализација на малите и средните претпријатија. Токму дигитализацијата на овие претпријатија ќе овозможи тие да се приклучат на продажбата на интернет.

Сепак, најавите на Безос може и да не се остварат, бидејќи голема е веројатноста во Индија да биде пречекан „на нож“. Илјадинци мали трговци во околу 300 градови планираат да протестираат против негативните влијанија на „Амазон“ врз нивните бизниси.

Велат дека компанијата ги оставила без работа, бидејќи Амазон на интернет просторот ги нуди речиси истите производи по значително пониски цени.

Во моментот на пазарот на малопродажба преку интернет доминираат две американски компании, „Амазон“ и „Флипкарт“, која е во сопственост на ланецот на маркети „Волмарт“.


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...