Свет

Новите правила на ЕУ за пластиката ќе „удрат“ по пазар вреден 10 милијарди долари

15 Jan 2020

Европската комисија ги разгледува чекорите околу забраната за користење на пластични кеси и подготвува нови барања за производителите, откако претходно најави дека земјите-членки од 2021 година ќе мораат да ги укинат пластичните производи за една употреба.

Сакаме да ги прошириме правилата за пластика за еднократна употреба и во моментов истражуваме во која насока тоа би било можно. Важен чекор, на пример, би бил да се забрани пластична амбалажа или да се пропише употреба на рециклирана пластика, изјави еврокомесарот на ЕУ за заштита на животната средина, Виргиниус Синкевичис, во интервју за германскиот весник Die Welt.

Новата регулатива на ЕУ за пластика за еднократна употреба ќе опфати пазар вреден 10 милијарди долари. 

Директивата за еднократна употреба на пластика со која се забрануваат пластични производи како што се прибор за јадење, сламки, стапчиња за уши и некои садови, беше донесена минатата година.

Европската комисија истражува и како производителите на производи, како што се гуми или козметика, би можеле да се обврзат на драматично намалување на микропластиката во нивните производи.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...