Американскиот трговец „Волмарт“ тестира роботска програма за селектирање и пакување на нарачките, потег што може да ја револуционизира е-трговијата со прехранбени производи.
Машината, која е дел од системот Alphabot, функционира во објект од 20.000 квадратни метри, кој е изграден во хипермаркетот на „Волмарт“ во Њу Хемпшир. Годинава трговецот планира да изгради слични погони во продавниците во Мустанг (Оклахома) и во Бербенк (Калифорнија).
Според проценките, автоматизираниот систем Alphabot ќе ги селектира и пакува нарачките дури 10 пати побрзо од луѓето. Тоа на „Волмарт“ ќе му овозможи брзо проширување на капацитетите за нарачка поради растечката побарувачка за онлајн-купување на прехранбени производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.