Свет

„Лакталис“ доби дозвола да го купи бразилски „Итамбе“

12 Jul 2019

„Лакталис“ ја заклучи аквизицијата на „Итамбе“, бразилски производител на млеко.

Тоа се случи откако „Лакталис“ го заврши спорот што со мексиканската групација „Групо Лала Саб“  го водеше во Латинска Америка, во врска со користењето на одредени брендови. Тоа му овозможува на „Лакталис“ во иднина во Бразил да преработува по околу 2,3 милијарди литри млеко годишно и да достигне 8 милијарди долари годишен приход од оваа земја. 

„Лакталис“, кој е глобален сопственик на брендовите Parmalat, Galbani i Président, плати 600 милиони долари за купувањето на „Итамбе“ во 2017 година. 

Пред „Итамбе“, „Лакталис“ ги купи и бразилскиот производител на сирење „Балкис“ и некои млечни единици во сопственост на „Брф Са“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...