Француската компанија „Лакталис“ потпиша договор за аквизиција на вкупниот капитал на „Нуова Кастели“, која 80 отсто е во сопственост на британскиот фонд „Чартерхаус Капитал Партнерс“ од Велика Британија.
Основана во 1892 година, „Нуова Кастели“ е производител и дистрибуртер на различни видови италијански сирења, вклучувајќи видови на пармезан, моцарела, горгонзола и талегио. Најпознати брендови во портфолиото се „castelli“, „mandara“ i „аlival“. Компанијата работи на 13 производни локации во Италија и има уште три погони надвор од земјата. Во 2018 година, достигна промет од 460 милиони евра, од што околу 70 отсто е остварено од извоз, главно во Франција, Велика Британија, Русија и Германија. Производите се продаваат и под брендот на компанијата и како приватна трговска марка.
Како резултат на аквизицијата, „Лакталис“ ќе ја зацврсти својата позиција во Италија, каде држи околу една третина од пазарот на млеко. Во следната фаза, аквизцијата треба да ја одобрат тамошната Комисија за конкуренција и регулаторните тела.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.