Најголемата светска фабрика за производство на познатиот намаз од лешници, Nutella, привремено е затворена поради проблеми со квалитетот на производот, пренесе Euronews.
Станува збор за фабрика во северна Франција, која дневно произведуваше по 600.000 тегли Nutella.
Инспектори ја истражуваат причината за проблемот.
Од италијанската компанија „Фереро“, сопственик на брендот Nutella, соопштија дека пакувањата од намазот кои веќе се во транспорт не се засегнати од проблемот, така што залихи на Nutella има доволно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.