Свет

Трговците воведуваат блокчеин-технологија

09 Nov 2018

„Алберт Хеин“ во Холандија и „Карфур“ во Италија воведуваат блочеин-технологија, односно онлајн-систем на синџирот на снабдување.

Накратко, блокчеин е технологија на безбедна дистрибуирана база на податоци која не зависи од централен авторитет, т.е. не користи посебен ентитет за надгледување на трансакциите. Блокчеин-системот за мапирање (процес на префрлање податоци кодирани во еден формат, во друг) на купувачите им овозможува да имаат целосен увид во патот на производот, од неговиот извор до полицата во маркетот.

„Алберт Хеин“ користи блокчеин за својата трговска марка сок од портокал, произведен од „Рефреско“. Ги знаеме сите чекори на нашите производи низ синџирот на снабдување. При нивното производство се почитуваат луѓето, животните и животната средина. Сите овие чекори сакаме транспарентно да им ги покажеме и на нашите купувачи, вели трговецот.

„Карфур“ – Италија објави дека го лансира првиот производ со блокчеин-технологија во сите свои продавници, а тоа е пилешкото месо од сопствениот бренд Filiera Qualità. Со скенирање на QR-кодот потрошувачите ќе можат дигитално да ги верификуваат сите информации за патот на производот до местото на продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...