Свет

Јужна Кореја забрани кафе во училиштата

25 Sep 2018

Јужна Кореја забрани кафе и енергетски пијалаци што содржат кофеин за учениците и просветните работници во училиштата. ​ 

Властите објаснија дека мерката се воведува бидејќи учениците консумирале премногу кофеин за да можат подолго да учат и тоа веќе резултира со појава на здравствени проблеми. 

Забраната ќе важи во основните училишта, во средните училишта и на факултетите. 

Јужна Кореја е седми увозник на кафе во светот. Минатата година увезе кафе во вредност од 700 милиони долари годишно. Просечен жител на Јужна Кореја пие по 512 шолји кафе годишно. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...