„Лидл“ ќе ги отстрани „детските“ елементи од дизајнот на пакувањето на помалку здравите производи од својата палета на приватни трговски марки.
Имено, компанијата од своите помалку здрави производи ќе ги отстрани 3Д или анимирани форми, шари со светли бои и „разиграни“ имиња на производи.
На пример, пакувањето на гумените мечиња на „Лидл“ го смени светлото пакување украсено со анимирани ликови во поедноставен дизајн кој е повеќе фокусиран на производите и ги нагласува неговите овошни вкусови.
Знаеме дека домаќинствата сакаат да водат поздрав начин на живот, и затоа сме целосно посветени да им помогнеме на семејствата да усвојат подобри навики додека сè уште имаат пристап до висококвалитетни, достапни и вкусни производи. Како татко на мали деца, знам колкаво влијание може да има дизајнот на пакувањето врз нивните преференци, и затоа ја разбирам важноста од преземање проактивна позиција за подобра поддршка на родителите низ целата земја. Воведувањето на овие промени пред претстојните закони за рекламирање ја сигнализира нашата посветеност на исполнување и надминување на овие стандарди, изјави Ричард Бурнс, главен комерцијален директор на „Лидл“ – Велика Британија.
Овој најнов потег се надоврзува на промените во пакувањето од 2020 година, кога „Лидл“ стана првиот супермаркет во Обединетото Кралство што го потврди отстранувањето на цртаните ликови од пакувањето на своите житарки за појадок. Компанијата потоа, во пролетта 2024 година, ја прошири оваа политика за да ги вклучи сите „помалку здрави“ производи наменети за деца.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.