Свет

Нобеловците повикаа да се зголеми инвестирањето во производство на храна

22 Jan 2025

Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската награда за храна објавија отворено писмо во кое нагласуваат дека се потребни многу поголеми инвестиции во истражување, производство и дистрибуција на храна за да се спречи глобална криза во следните децении во овој сектор.

Во писмото се наведува дека околу 700 милиони луѓе денес се соочуваат со „несигурност со храната и очајна сиромаштија“, но дека доколку не се направат „напори без преседан“ за производство на повеќе храна, многу повеќе луѓе ќе бидат во таква ситуација,  пред се  поради климатските промени, војни и раст на населението.

Колку и да е тешко да се замисли, човештвото оди кон ситуација кога несигурноста со храната ќе биде уште поголема до средината на векот, а светот ќе биде уште понестабилен од денес, се наведува во писмото потпишано од 153 добитници на двете награди, пишува за „Дејли јуропиан сервис“, пренесува „Политика“. 

Тие исто така посочуваат дека климатските промени ќе ја намалат продуктивноста на повеќето главни прехранбени производи и дека се потребни значителни зголемувања за да се прехрани светското население кое ќе се зголеми за 1,5 милијарди луѓе до 2050 година.

Не сме на пат да ги задоволиме идните потреби за храна. Не сме ни блиску, се додава во писмото.

 

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...