Групацијата „Карлсберг“ соопшти дека нивната подружница „Карслберг УК Холдингс лимитед“ ја заврши аквизицијата на производителот на безалкохолни пијалаци „Бритвик“.
Со оваа аквизиција, „Карлсберг“ ги зајакнува и постоечките односи со „Пепсико“, станувајќи нејзин најголем партнер за флаширање во Европа.
На почетокот на јули минатата година, „Карлсберг“ постигна договор да го преземе британскиот производител на безалкохолни пијалоци за 1.315 пени по акција, или 3,3 милијарди фунти (4,2 милијарди долари).
Компанијата потоа доби официјално одобрение за преземање на 17-ти декември од Европската комисија и Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство (CMA), која изјави дека нема да бара дополнителна контрола на конкуренцијата во врска со ова купување.
Аквизицијата беше официјално завршена на 17 јануари, а со спојувањето на компаниите ќе се создаде нова компанија „Карлсберг Бритвик“.
Функцијата извршен директор на новоформираната компанија „Карлсберг Бритвик“ ја презеде Пол Дејвис, поранешен извршен директор на „Карлсберг марстон бревинг компани“.
Аквизицијата на „Бритвик“ е клучна пресвртница во историјата на „Карлсберг“ бидејќи ја продлабочуваме нашата посветеност на пазарот во Обединетото Кралство и пишуваме амбициозно следно поглавје во нашата приказна за раст. Безалкохолните пијалоци се атрактивна категорија која исто така носи значителни синергии кога се комбинираат со пиво. „Бритвик“ е голема, добро воспоставена компанија со силно портфолио на многу сакани сопствени и партнерски брендови. Би сакал да им посакам добредојде на сите наши нови колеги во групацијата „Карлсберг“. Со нетрпение очекуваме да го унапредиме нашето комбинирано работење во Велика Британија и на другите пазари, како и да ги зајакнеме нашите постоечки односи со „Пепсико“, изјави Џејкоб Аруп-Андерсен, извршен директор на групацијата „Карлсберг“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Карслберг“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.