Свет

Исланд: Одлични резултати од скратената работна недела

28 Oct 2024

Според резултатите од извршеното истражување економијата на Исланд расте побрзо од повеќето европски земји по воведувањето на пократка работна недела низ целата земја и без намалување на платите.

Помеѓу 2020 и 2022 година, повеќе од 50 отсто од вработените во оваа земја прифатиле намалување на работното време, што подразбира воведување на четиридневна работна недела, а се очекува дека бројот на вработени кои ќе прифатат намалување на работното време ќе се зголеми.

Истражувањето на Британскиот институт за автономија и Исландската асоцијација за одржливост и демократија („Алда“) покажа дека минатата година Исланд имаше побрз економски раст од повеќето европски земји и дека неговата стапка на невработеност е една од најниските на Стариот континент.

 Оваа студија покажува вистинска успешна приказна - пократкото работно време стана широко распространето, а економијата, според голем број показатели, е силна, вели Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач во „Алда“.

Во две големи истражувања, спроведени во 2015 и 2019 година, вработените во исландскиот јавен сектор работеа 35-36 часа неделно, без намалување на платите. Многу од анкетираните претходно работеле 40 часа неделно.

Истражувањето опфати 2.500 вработени, што во тоа време беше еден процент од работната сила на Исланд. Се откри  дека продуктивноста на повеќето работни места остана иста или подобрена додека благосостојбата на работниците драстично се подобри, поврзана со нивото на стрес и рамнотежата помеѓу работата и животот.

Исландските синдикати по истрагата преговараа за намалување на работното време за десетици илјади нивни членови, пишува „СНН“.

Извор: Blic.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...