„Нестле пурина петкер“, во соработка со компанијата „ Д Кенан адвентеџ груп“ и „Никола корпорејшн“ го претстави првиот електричен полу - камион кој користи водород.
Континуирано ги идентификуваме новите можности во рамките на нашето работење преку партнерства кои ни овозможуваат да ги исполниме нашите цели на одржливост. Овој камион претставува возбудлива можност за тестирање на нови технологии, изјави Тревис Кроус, сениор директор за операции во синџирот на снабдување за „Пурина“.
Новиот електричен полу – камион може да се управува на максимална далечина од 500 милји и може да се наполни со гориво за помалку од 20 минути, а покрај тоа тој не произведува издувни гасови за време на возењето.
Според соопштението на „Никола корпорешјн“ еден ваков камион во просек годишно елиминира 97 метрички тони на Со2
Камионот ќе се дистрибуира производите помеѓу три локации во Калифорнија, Стоктон, Марикоп и Модест.
Извор: InStore.rs
Фото: „Никоа корпорешјн“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.