„Нестле“ ја пушти во употреба четвртата производна линија за KitKat вредна 49,4 милиони евра, во својата фабрика во Качапава, Бразил.
Нашите напори во Бразил се насочени кон проширување на производните капацитети, инвестиции, обновување на нашето портфолио, промовирање на регенеративното земјоделство помеѓу производителиет во нашите синџири на снабдување, креирањет на амбалажа согласно со принципите на циркуларната економија и унапредување на ефикасноста, вклучувајќи го и елиминарањето на отпадот и рационалното користење на енергијата и водата, изјави Марчело Мелхиор, извршен директор на „Нестле“ во Бразил.
Со новото проширување во оваа фабрика е најголема фабрика компанијата во Америка која ќе опслужува 18 земји во регионот.
Покрај тоа, оваа фабрика е на второ место на компанијата според обемот на производство, а се очекува до 2026 година да го заземе првото место во производство на чоколадо.
Новата производна линија е дел од широкиот инвестициски план на компанијата кој до 2026 година опфаќа инвестиции од 13,9 милијарди евра во Бразил. Исто така, компанијата планира како дел од тој план да инвестира 180 милиони евра до 2026 година во проширувањето на производните капацитети и продажбата на производите Nescafé, со зголемен фокус на младите потрошувачи во Бразил
Извор: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.