„Нестле“ најави инвестиција од над 150 милиони фунти во својата фабрика „Пурин Петкер“ во Висбеч.
Во оваа фабрика се произведуваат познатите брендови за храна за домашни миленици, како што се Felix, Gourmet и Winalot.
Многу сме горди на нашата британска производна мрежа со околу 3.500 вработени во фабриките низ Обединетото Кралство. Оваа инвестиција е резултати на напорите кои нашите тимови ги вложуваат во позиционирањето во Обединетото Кралство, како пазар со значителна стручност во производството и каде што инвестциите како во Весбеч, можат да помогнат во порастот на нашата работа, овде и во светот, изјави Ричард Ватсон, главен извршен директор во „Нестле“ Обединето Кралство и Ирска.
Од компанијата соопштуваат дека во тек се работите во фабриката и се очекува да завршат на почетокот на 2025 година. Во фабриката ќе се вгради најнова технологија и постројки на постоечките производни линии, обнова објектите за работниците и подобрување на енергетската ефикасност.
Со оваа инвестиција ќе се отворат 40 нови работни места.
Негата на домашните миленици е категорија со силен пораст во „Нестле“ и сочинува околу 20% од вкупната продажба на групацијата во 2023 година, во споредба со 12% од пред една деценија. Компанијата од неодамна најави бројни инвестиции во производните погони за производи за нега на домашни миленици, вклучувајќи ги фабриките во САД, Бразил и Унгарија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.