„Нестле“ соопшти дека започна со тестирање на пристапни QR кодови на пакувањата на брендовите KitKat и Quality Street, кои би им помогнале на потрошувачите со слаб вид да имаат пристап за информациите за производите.
Од компанијата соопштуваат дека само во Велика Британија над дава милиони луѓе живеат со оштетен вид, а околу 340.000 од нив се делумно или целосно слепи.
Овие иновативни кодови се засновани на технологијата „Запар“, која ќе им овозможи на купувачте со оштетен вид да добијат важни информации за производите.
Со воведувањето на овие пристапни кодови се надеваме дека ќе направиме значајна и позитивна разлика во искуството на нашите купувачи со оштетен вид. Се радуваме на собраните резултати од тестирањето и ги цените повратните информации од нашите верни фанови на производителите KitKat и Quality Street. Нивните кометнари ќе нѐ насочат да ја унапредиме пристапноста на пакувањата за сите потрошувачи, изјави Сара Дрејкс, менаџерка за одржливост во „Нестле“ ОК и Ирска.
Купувачите ќе можат да ги скенираат пристапните QR кодови на своите телефони, користејќи ги постоечките апликации, кои веќе ги користат лицата со оштетен вид, што значи не е потребно да се инсталираат дополнителни апликации.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.