Свет

Обединето Кралство: Промени во раководството на „АСДА“

19 Sep 2024

Компанијата „Асда“ соопшти дека Мошин Иса заминува од извршната позиција за да се посвети на својата улога како единствен извршен директор на „ЕГ група“.

Неговата позиција привремено ќе ја заменат претседателот на „Асда“, Стуард Роз и извршниот директор на „Асда“, Роб Хатрел. Компанијата во меѓувреме ќе бара нов генерален директор кој ќе ја води работата на компанијата во следниот период.

Иса нема да биде член на извршниот одбор на „Асда“, но ќе остане сосопственик на компанијата, соопштуваат од компанијата.

Навистина сум горд на искусниот тим што го изградивме и значителниот напредок што го направивме во последнте три години во изградбата на поголема и подобра „Асда“,  како и на нашата непоколеблива посветеност да испорачаме бескомпромисна вредност за купувачите. Со оглед на овие достигнувања и значајните стратешки чекори што ги презедовме, решив дека сега е вистинско време да се повлечам од мојата надзорна улога во „Асда“ и да се фокусирам на групацијата „ЕГ“. Периодот што претстои е многу возбудлив за групата и со нетрпение очекувам да се фокусирам на него додека како акционер на „Асда“ ги поддржувам Стјуарт, Роб и лидерскиот тим, истакна Иса.

Ние сме многу благодарни на Мохсин за улогата што ја одигра во надзорот над „Асда“, вклучително и во лансирањето на растечкиот пазар на намирници и воведувањето на апликација за лојалност која сега ја користат повеќе од шест милиони клиенти. Ги постави темелите за испорака на ИТ инфраструктура од светска класа, зајакнувајќи ја „Асда“ на долг рок, рече Роуз.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Асда“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...