Компанијата „Таргет“ најави дека за претстојните празници во своите продавници ќе вработи 100.000 работници.
Нашиот тим е клучен за да го направиме празничното купување лесно и радосно, а оваа празнична сезона ние сме подготвени да испорачаме тоа со најдобриот тим во малопродажбата. Планираме да ангажираме приближно 100.000 сезонски членови на тимот во продавниците и логистичките капацитети за да ги поддржат нарачките и пакувањето на производите и да им помогнеме на нашите потрошувачи да го направат своето празнично искуство во купувањето брзо, без проблеми и да имаат на располагање сè што им треба, се вели во соопштението на компанијата.
Како што соопштуваат од компанијата, покрај вработувањето на нови работници, ќе им овозможат и на постојните вработени да ја зголемат заработката со дополнително работно време, како и да избираат смени како што им одговара.
.
Извор: InStore.rs
Фото: „Таргет“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.