Според најновиот извештај на „Бренд фајнанс“, Nestlé ја задржа позицијата на највреден светски бренд за храна, со вредност од 20,8 милијарди долари и покрај падот на вредноста од 7% на годишно ниво.
На второто место е брендот на компанијата „Пепсико“, Lay's, чија вредност во 2023 година пораснала за 9% или на 12,1 милијарди долари, надминувајќи го кинексиот бренд Yili чија вредност има пад за 6% или на 11,6 милијарди долари.
Потоа следува „Тајсон фудс“ со вредност од 8,3 милијарди долари, „Данон“ со вредност од 8 милијарди долари, „Квикер“ со вредност од 7,5 милијарди долари и „Келог“ со 6 милијарди долари.
Во катергоријата безалкохолни пијалаци на првото место е Coca-Cola, со вредност од 25 милијарди долари, а на топ листата во првите 10 се и Pepsi, Dr Pepper и Sprite.
Како најак бенд со оценка AAA+ (91/100) на скалата на „Бренд стрејт индекс“ се издвојува Amul, додека за набрзорастечки бренд со пораст на вредоноста од 37% е Viterra.
Во извештајот се наведува дека целокупниот сектор на храна и пијалаци годинава доживеал пад на брендовите за 4% или на 268 милионо долари, при што потрошувачите фавозирале помали брендови или приватни трговски марки.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.