Американскиот трговец на мало „Волмарт“ ги зголеми прогнозите за продажба и профит по втор пат оваа година, со оглед на тоа што беше едно од омилените места на Американците за купување евтини основни работи.
Од компанијата соопштуваат дека продажбата во вториот квартал е поттикната првенствено од силната побарувачка за свежа храна и висококвалитетно месо. Исто така, купувачите ја зголемија потрошувачката на производи за лична нега и убавина, а кога станува збор за здравјето, тие ги фаворизираа брендираните лекови.
Компанијата забележа дека купувачите со повисоки приходи, особено оние кои заработуваат повеќе од 100.000 долари годишно, значително придонеле за продажбата на мебел, апарати, облека и играчки, што довело до големо зголемување на пазарниот удел во овие категории. Овие побогати купувачи беа привлечени од претплатата на „Волмарт“, „Волмарт пус“ од 98 долари годишно, која нуди поволности како што се неограничена бесплатна испорака, претплата за пренос на „Парамоунт+“ и попуст од 10 центи по галон на бензинските пумпи.
Компанијата прогнозира годишна приспособена заработка по акција да биде помеѓу 2,35 и 2,43 долари, во споредба со претходните очекувања од 2,23 до 2,37 долари по акција. Консолидираните нето-продажби за фискалната 2025 година сега се прогнозираат да растат во опсег од 3,75% до 4,75%, во споредба со претходната прогноза за раст од 3% до 4%.
Во вториот квартал компанијата објави заработка од 67 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 65 центи. Нејзините вкупни приходи се зголемија за 4,8% до 169,3 милијарди долари (154,4 милијарди евра), надминувајќи ги прогнозите на „Волстрит“ од 168,53 милијарди долари (153,7 милијарди евра).
Извор: esmmagazine
Фото: „Волмарт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.