Свет

САД: Coca – Cola и Oreo лансираа нови производи

15 Aug 2024

Coca-Cola и Oreo ги здружија своите сили и претставија два нови производи во ограничена серија: Coca-Cola Oreo Zero Sugar и Oreo Coca‑Cola.

Од компаниите наведуваат дека оваа соработка е инспирирана од најдобрите пријателствa и има за цел да предизвика славење меѓу најдобрите пријатели.

Овие производи ќе бидат достапни во ограничен период, а на почетокот на септември ќе се појават на 35 пазари низ светот, вклучувајќи ги пазарот во САД,  Канада, Кина, Мексико и Бразил.

Coca‑Cola OREO Zero Sugar, ќе биде достапна на одредени пазари и во некои од  рестораните „Мекдоналдс“ и „7 Елевен“.

Новитетите имаат сличен дизајн и елегантен црно-бел дизајн на амбалажа, украсен со препознатливи елементи на двата бренда. Колачето Oreo Coca-Cola го има истиот карактеристичен изглед, содржи две чоколадни колачи споени со вкусот на Coca-Cola и поврзани со мазен бел  крем испреплетен со црвен вкусен сјај. Coca-Cola Oreo Zero Sugar има освежителен вкус на Coca-Cola со арома инспирирана од Oreo колачињата.

Преземавме внимателни чекори за да се осигураме дека на потрошувачите ќе им го пренесеме Орео искуството во Кока-Кола и обратно, изјави Оана Влад, глобален потпретседател за стратегија за бренд во компанијата „Кока-Кола“.

Производите поминаа низ неколку проверки и со нетрпение очекуваме да слушнеме повратни информации од потрошувачите за вкусот на секој од нив. На крајот на денот, нашата заедничка посветеност на квалитетот на производите и техничката извонредност, како и нашата подготвеност да се забавуваме и да работиме заедно како тим  го овозможи ова, додаде таа.

Еугенија Залис, глобален шеф на маркетинг и за брендот Oreo во „Монделез интершнл“, додаде: Во Oreo се стремиме да идентификуваме нови начини да ги воодушевиме потрошувачите и, со оваа соработка, навистина го подигнавме тоа ниво. Најдобриот пријателски однос создаден помеѓу Oreo и Coca - Cola е на разигран начин да ги обединиме нашите обожаватели и да ја славиме моќта на поврзувањето и заедништвото. Едвај чекаме да ја видиме реакцијата на кампањата и се надеваме дека обожавателите се возбудени да ги искусат овие нови варијанти на двата класици.

Покрај лансирањето производите, кампањата ќе биде надополнета со дигитални и „живи“ искуства наменети за пријателите да уживаат заедно. Меѓу другото, пријателите ќе можат да го активираат „Режимот за најдобар пријател“, да ги комбинираат своите музички вкусови и да создаваат приспособени плејлисти на „Спотифај“, да создаваат привремени тетоважи... Покрај тоа, брендовите отидоа дотаму што соработуваа со модниот трговец на мало „Форевер 21“ преку колекцијата „Бести мод“ која ќе вклучува блузи, чорапи, чанти, торбички за козметика, тетратки...

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кока – Кола“/„Монделез интернешнл“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...