Свет

Данска: „Арла“ инвестира 200 милиони круни во развој на производството

12 Jul 2024

„Арла“ ги најави своите планови за инвестирање на 200 милиони дански круни во својот погон во Есбјерг, за да го зголеми производството на напитоци кои се на база на млеко.

Целта на оваа инвестиција е нашите производни капацитети да бидат во чекор со порастот на сегментот напитоци на база на млеко. Категоријата на „Ртд“ кафе продолжува да расте, покрај која протеинските пијалаци стануваат најбрзорастечка поткатегорија во рамките на напитоците на база на млеко, изјави Кристијан Фишер, потпретседател во „Арла фудс“.

Тој додава дека трите најголеми прозводи на „Арла фудс“ во сегментот на пијалаци на млечна база, се развиени во соработка со „Старбакс“, а чоколадните млека се лансирани во соработка со „Кокио“ и „Матилде“.

„Старбакс“ и „Кокио“ се стратешки брендови за „Арла фудс“ и ќе продложиме да го поттикнуваме нивниот раст. Неодамна во Велика Британија лансиравме Starbucks протеински пијалак со кафе  и првичните резултати се многу јаки. Кога се работи за „Кокио“, го лансиравме производот без додаден шеќер, Cocio Delight и гледаме дека има силна побарувачка за ваквите производи, изјави Фишер.

Средствата од новата инвестиција ќе бидат искористени за изградба на нови објекти, вградување на опрема и општо одржување, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: FoodBev

Фото: „Арла



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...