Свет

Ирска: „Теско“ ќе користи камиони со биогориво

09 Jul 2024

Компанијата „Теско“ со цел да го намали јаглеродниот отпечакот, во својот возен парк воведе 50 камиони кои користат биометан.

Новите камиони со кои ќе се управува во трговскиот транспортен партнер „ДХЛ“, ќе доставува производи од продавниците до дистрибутивните центари на компанијата во Даблин.

 Секој камион е дизајниран да поминува 700 киломентри со полн резервоар со биометан, тоа ќе биде доволно камионот да дојде до  било која од  177 продавници на компанијата и да се врати без повторно полнење на гориво.

Новите камиони ќе заменат 50 возила кои употребуваат дизел, со што ќе и овозможи на компанијата да ја намали емисијата на јаглерод до 90%, додаваат од „Теско“.

Нашата мрежа е една од најсофистицираните дистрибутивни мрежи во земјата. Секоја недела сообраќаме над 1800 пати од нашите дистрибутивни центри во нашите продавници. Напорно работевме со „Дхл“ за да го подготвиме преминувањето од дизел на биометан, а ова преминување на цврста енергија значително ќе ги намали емисиите на јаглерод во нашата дистрибутивна флоата, изјави Гер Коунихан, директор за малопродажба и дистрибуција во „Теско“ – Ирска.

 

Извор: INB2B Media

Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...