Свет

Италија: Прометот на „Конад“ надмина 20 милијарди евра

01 Jul 2024

Италијанскиот синџир на супермаркети „Конад“ пријави дека во финансиската 2023 година остварил пораст на прометот од 8,11%, односно над 20 милијарди евра.

Иако 2023 година беше сложена година за италијанската економија и потрошувачка, сите компоненти на нашиот систем продолжија да растат со стапка повисока од инфлацијата, достигнувајќи го прагот од 20 милијарди евра. Ова достигнување е резултат на посветеноста на членовите на „Конад“, кои сакаме да ги консолидираме со амбициозен план за обновување на продажната мрежа и дополнително зајакнување на нашиот малопродажен бренд, кој ќе се карактеризира со квалитет, практичност и одржливост, рече Мауро Лусети, претседател на „Конад“.

Овој раст компанијата го припиша на добриот учинок на своите производи од приватните трговски марки кои во овој период оствариле пораст на продажбата од 12,9% или 6 милијарди евра.

До 2026 година компанијата планира да инвестира 1,7 милијарди евра, фокусирајќи се на пет стратешки столбови на својот бренд, ефикасност, продажни канали, дигитализација и развој на вештините и одржливост.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото:  „Конад“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...