Свет

Данска: „Салинг груп“ презеде 35. продавници од „Кооп“

01 Jul 2024

„Салинг груп“ презеде од „Кооп“ 35 продавници, во кои се вклучени 25 дисконти „365“, три „Квики“ продавници и пет „Супербругстен“ продавиници“ и уште два проекти кои сѐ уште не се реализирани.

За аквизицијата се чека одобрување од надлежните институции, а цената за купопродажбата и останатите детали во врска со купопродажниот договор, засега не се објавени.

Горди сме на оваа аквизиција, кои нас ни дава можност да досегнеме уште повеќе купувачи во Данска, во подрачјата каде што не сме доволно присутни, изјави Андрес Хаг, извршен директор на групацијата. Тој додава дека многу од вработените во овие продавници имале „блиски односи“ со компанијата за која што работат, истакнувајќи дека тоа е нешто што групацијата ќе го има во предвид.

Пред нас е предизвикот да покажеме доволно почит кон новите локални заедници од кои стануваме дел, со непоколеблив фокус кон создавањето на добрите искуства за нашите нови купувачи, изјави Хаг.

 

 

Извор: INB2B Media

Фотографија: „Кооп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...