Британскиот производител на безалкохолни пијалаци „Бритвик“ ја одби понудата за преземање од „Карсберг“ во вредност од 3,95 милијарди долари.
Управниот одбор заедно со своите советници, внимателно го разгледа предлогот и заклучи дека значително се потценува „Бритвик “ и неговите сегашни и идни перспективи, соопшти компанијата.
Понудата од пиварницата од 1.250 пени по акција следуваше после првобитната понуда од 1.200 пени по акција.
Од „Карлсберг“ информираа дека нивното интересирање за „Бритвик“ е во согласност со стратегијата која била објавена во февруари, во која е вклучено проширување на портфолиото надвор од сегментот на пиво.
Компанијата соопшти дека „верува дека потенцијалната трансакција ќе и овозможи да профитира од атрактивните долгорочни можности за раст на сеопфатното портфолио на водечки брендови на „Бритвик“ во атрактивен сегмент на пазарот на пијалоци каде што „Карлсберг“ веќе има силни перформанси“.
„Карлсберг“ соопшти дека размислува за аквизиција откако Бритвиц ја одби својата втора понуда.
Извор: FoodBev
Фото: „Бритвик“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.