Свет

Италија: „Фереро“ ќе лансира веганска Nutella

10 Jun 2024

Годинава кога Nutella слави шеесет години, компанијата „Фереро“ го најави лансирањето на веганска верзија од овој познат крем од лешник.

Веста за лансирањето на овој производ ја соопшти Џорџио Сантаброџио, главен извршен директор  на „Веге груп“, на годишниот настан на „Ниелсен Линкотро“ во Сардинија.

„Веге група“ е традиционлано првата малопродажна група која е информирана за иновациите на „Фереро“. Побарувачката на пазарот за растителните производи е се поголема, а гигант како Nutella со сигурност ќе создаде голема конкуренција правејќи и другите компании да се фокусираат на овој сегмент и да ги усовршат своите производи, изјави Сантаброџио.

За порталот „Грин Квин“ оваа вест ја потврди и производителот, наведувајќи дека е во план производот да биде лансиран во неколку европски држави.

 Во „Фереро“ секогаш ги истражуваме новите категории и новите трендови. Благодарејќи на нашиот иновативен дух и децениите стручност, во моментов се подготвуваме за лансирањето од оваа есен  на Nutella која ќе биде на растителна база, соопштуваат од компанијата.

 Иако сѐ уште не се познати точните датуми и локации каде ќе биде лансиран новиот производ, веројатно Италија и Германија ќе бидат меѓу првите земји каде што потрошувачите ќе можат да да ја купат новата Nutella, затоа што локалните медиуми веќе пренесуваат дека производителот регистрирал патенти за овие два пазари.

 

 

Извор: „Грин Квин“

Фото: „Фереро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...