Компанијата „Волмарт“ ќе им исплати бонуси на вработените во своите продавници, како дел од иницијативата во која се вклучени 700.000 вработени.
Вработените со скратено работно време и оние со полно работно време ќе имаат право на годишен бонус. Ова е идеја која произлезе од повратните информации од вработените во продавниците, изјави Џон Фурнер, извршен директор на „Волмарт“ во САД.
За да стекнат право на бонус, вработените мораат да работат во компанијата барем една година, покрај што во предвид ќе бидат земени и одредени цели и нивното исполнување, додава Фурнер.
Во „Волмарт“ во САД моментално има 1,7 милиони вработени, од кои најголемиот дел работат во продавниците на компанијата.
На почетокот на годинава компанијата ја зголеми просечната плата и бонусите за менаџерите на продавниците во САД.
Минималната сатница за варботените во продавниците моментално изнесува 14 долари, што е помалку од сатницата во конкурентските компании „Амазон“ и „Таргет“, каде што изнесува 15 долари.
Извор: ESM magazine
Фото: „Волмарт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.