Свет

„ДС Смит“ замени една милијарда парчиња пластика порано од планираното

10 Jun 2024

Пред предвиденото и во партнерство со некои од најпознатите брендови на FMCG во светот, „ДС Смит“ замени повеќе од една милијарда парчиња пластика, 16 месеци пред пред поставената цел до 2025 година. Ова означува клучна пресвртница за одржливост за еден од водечките меѓународни добавувачи на одржливи решенија за пакување.

Од мај 2024 година, „ДС Смит“ замени над 1,2 милијарди парчиња пластика на меѓународните пазари, надминувајќи ја целта 16 месеци пред предвиденото.

Целта на компанијата се однесуваше на секоја примарна или секундарна пластична амбалажа која сега е намалена или целосно отстранета од пакувањето како директен резултат од решението на „ДС Смит“

Достигнувањето ги има своите корени во програмата за замена и намалување на пластиката, воспоставена во 2020 година како дел од Стратегијата за одржливост на „ДС Смит“, - „ Нау & Некст“ која воедно ја поддржува целта на бизнисот, а таа е да го редефинира пакувањето за светот што се менува.

Целта се протега низ операциите на „ДС Смит“ во дваесет и седум земји низ Европа и Северна Америка, работејќи кон заедничката, циркуларна, цел да се дизајнира отпадот и да се задржат материјалите во употреба подолго време. Полска одигра клучна улога во ова достигнување, заменувајќи над 150 милиони парчиња пластика со алтернативи базирани на хартиени влакна.

        

Секојдневните пластични артикли кои се заменети од полиците на супермаркетите вклучуваат мали гајби за овошје и зеленчук, пластични кеси и пластична термосклоплива фолија што вообичаено се наоѓа кај шишињата за безалкохолни пијалоци.

Побарувачката за замена на пластика продолжува да расте, низ цела Источна Европа, компанијата речиси го удвои годишното количество заменети пластични парчиња откако беше поставена целта во 2020 година.

Од клучно значење за исполнување на целта од 1 милијарда и фундаментален дел од процесот на дизајнирање во „ДС Смит“, се принципите за циркуларен дизајн на „ДС Смит“ и Метриката за циркуларен дизајн, кои беа создадени во партнерство со Фондацијата „Елен Макартур“. Секој од 800-те дизајнери на „ДС Смит“ се обучени за принципите за циркуларен дизајн и се способни да ги проценат перформансите во однос на повеќе области како што се рециклирана содржина и можност за рециклирање, индикативни проценети емисии на CO2, нивоа на одвишок отпад и параметри на синџирот на снабдување во партнерство со купувачите.

„ДС Смит“ ја имплементира Метриката за циркуларен дизајн – која е прва во индустријата - во низа сектори, вклучувајќи малопродажни производи, како храна и пијалоци, автомобилски делови и индустриски уреди

Кога ја поставивме нашата стратегија за одржливост „Нау & Некст“, сакавме да вклучиме цели што ќе донесат промени во животната средина надвор од, како и во рамките на „ДС Смит“. Со иновациите сакавме да им помогнеме на нашите купувачи да ја заменат или намалат пластиката,а ние да одговориме на општествените барања за намалување на загадувањето од пластика, како и за зголемување на нашите партнерства со нашите купувачи. Горд сум на секој член на тимот на „ДС Смит“ за постигнување на оваа цел, и тоа една година порано од планираното. Сепак, ова е само почеток. Има многу повеќе позитивни влијанија што можеме да ги направиме со поддршка на нашите купувачи и заедници во нивните цели за одржливост и ние сме исклучително мотивирани од оваа мисија, изјави Мајлс Робертс, извршен директор на групацијата „ДС Смит“.

Зоран Трнавац, Генерален директор на „ДС Смит“ за Србија и Северна Македонија, на ова додаде: Оваа пресвртница - постигнување на целта за замена на една милијарда парчиња пластика - е огромен успех за „ДС Смит“. Би сакал да ги истакнам напорите на сите членови на тимот на „ДС Смит“ од Србија и Северна Македонија, без чии напори не би можеле да одговориме на зголемените барања на нашите купувачи и заедно да постигнеме толку големи успеси. Посебно сум горд на резултатот што го постигнавме на македонскиот пазар каде заменивме над 2 милиони парчиња пластика.

 

Извор/Фото: „ДС Смит“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...