Свет

„Волмарт“ ќе инвестира 700 милиони долари во Гватемала

28 May 2024

„Ројтерс“ пренесува дека во следните пет години „Волмарт“ планира да инвестира околу 700 милиони долари во Гватемала.

 Плановите за оваа инвестиција ги соопшти регионалната извршна директорка, Кристина Ронски, за време на отворањето на новата продавница во оваа Централноамериканска држава.

 Веста доаѓа неколку денови откако компанијата во текот на поставувањето на камен темелникот за нов дистрибутивен центар во Костарика, соопшти дека ќе во земјата ќе инвестира 600 милиони долари во следните пет години.

 „Волмекс“, која што е единица на „Волмарт“ за Мексико и Централна Америка, пријави двоцифрен раст на продажбата за првиот квартал во Гватемала, Никарагва и Хонударас.

 

 

Извор:„Ројтерс“
Фото: „Волмарт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...